дома Живот Социјална политика ЖЕНСКИ ПРИКАЗНИ: Абортус по интригантен план на мајката

ЖЕНСКИ ПРИКАЗНИ: Абортус по интригантен план на мајката

58

Љубовта на Таша и Васе веќе беше зела голем размер со нивните заеднички планови за иднина и се чекаше само денот кога таа ќе биде крунисана за на век. Од самиот почеток умесно се криеја за да не ги дознаат, затоа што таа беше позната мома во градот, а Васе тука и таму некој го познаваше. Освен неговата физичка убавина, со ништо дотогаш не беше се истакнал во околината, а врската со Таша го направи да се чувствува како мангуп, но со добро срце.

Двојно линија на размислување имаа околу својата експонираност во чаршпискиот живот на малечкото гратче, дали да се откријат јавно, или, она што повеќе го преферираа, да не се создаваат љубопиство а и љубомора кај другите, и  нивното заедништво и поврзаност, да си го чуваат „на сигурно“, само за себе.

Тоа лето Таша, како што Анастасија си ја викаа најблиските, блескаше. Откако го запозна Владо кај неа се пробуди чувството на  „забележана девојка“. Дотогаш не почувствува како е толку силно некој да ја сака, и да се грижи за неа. Васе се обидуваше тоа да и го покаже во секој момент, најмногу пред нејзините другарки и сестра и, да ја уважи и удостои до максимум. Дури и најавуваше дека е во потрага по изавач, за романчето што ќе го напише  за нив двајцата, дека се му е во глава, само да седне и да го напише.

-Сакам сите да дознаат еден ден, колку ми значи мене оваа жена, гордо изјавуваше, додека Таша благо се насмевнуваше и го стегаше за рака.

Малку по малку се оддалечија од реалниот свет, Таша од ден на ден се поретко излегуваше на вечерни друженски со другарките, секогаш со изговор дека таа и Васе имаат некоја важна работа таа вечер, или дека договориле со другарите на Васе, и не може да избегнат.

-Се извинувам, но ќе се видиме следен пат, Васе веќе договорил со неговиот најдобар другар вечера кај нив дома, знаеше да каже.

Никој и не и замеруваше, сфатија дека е силно вљубена и дека е одлепена од овој свет. Љубов, ништо друго  не ја интересира. А разликата во години, нејзините 20 и неговите 35, никој не ги ни коментираше.

Пред крајот на летото сосема исчезна, ги запушти и работните обврски, за што следувале и санкции. Но, и тоа не ја возврати од намерата целосно да му се посвети на Васе, кој се обидуваше да работи хонорарно, колку да имаат пари за нивни мали задовоства.

По исчезнувањето Таша никој не ја видел. Отишла кај него дома. Една вечер, една од пријателките, Вања, случајно ја сретнала во кафуле, занесена и со заматен поглед, прилично поправена. Во силна прегратка на Васе.

-Таша, што има ново, ја поттргнала на страна.

-Ништо посебно, обични работи. Се е по старо.

-Некој нов план?

-Ах, план? Никогаш не можеш да знаеш што утре ќе се случи, но, да речеме, се наоѓа по некој план, го избегнала одговорот, за да во следното проговорување рече:

-Мојот план ќе се исполни за некој месец, да почекаме, се насмевнала и се погалила по стомак, притоа замолувајќи ја својата другарка за тоа да не кажува ама баш никому, зошто има одредени проблеми.

Речено-сторено. Зарем пријателката да и застане на патот на среќата? Никако тоа.

Видливата промена кај Таша луѓето почнале да ја забележуваат, без да коментираат за тоа.

Но, неколку месеци потоа одекна веста дека Таша и Васе раскинале, иако таа веќе избегал бегалкаа од дома, се свршиле и живеела кај него, ама го изгубила плодот, односно абортирала.

-Никоја од другарките не смее да писне, ги убедувала нивната заедничка другарка, за овој случај. Мајка и е пред нервен слом. Таша помина низ тежок период. Нејзините не ја одобруваа врската со Васе, заради неговата финансиска нестабилноист и заради пороците кои ги има, и на кои и Таша се препуштила, додека била со него, ги убедувала другарката останатите од друштвото.

Нејзаната мајка не верувала дека ќе дојде до тоа, таа ја оставила Таша, надевајќи се дека е млада и сама Таша ќе сфати дека тој не е човек за неа и ќе се врати дома, но кога дознала дека работите отишле понатаму, дека таа е бремена веќе во подмината фаза, полудела од нервоза, раскажуваше Вања.

-По неколкудневно размислување што и како понатаму, мајка и на Таша ја прати нејзината блиска другарка од детството, Лилјана, да оди кај неа случајно, да преговара со неа и да ја однесе на гатачка, да видат каква судбината ги чека. Договорено и потплатена што да им каже, гатачката ја убедила Таша дека нејзината среќа не е тој брак и тоа дете што го носи, дека треба под најитни да се спроведе „чистење“. Таша почнала силно да плаче, и заедно со Лилјана се вратила дома. Понатаму, според чаршиските муабети изнајмени биле гинеколози и акушери од друг град, добро потплатени, за да ја завршат работата, без документи и во домашни услови. Се зборува дека  и го спроведиле тоа,  во најдобар ред.

Таша и Васе се разделиле, сега тие двајцата си  имаар свој живот, свои семејства. Единствено што со насилното прекинување на бременоста, испланирано од нејзината мајка, а непромислено и спроведено во домашни услови,  бил доведен животот на Таша во прашање. Со бебето, никој не знае што се случи, долго коментираа луѓето од малото гратче.

По овој случај, Вања решила да студира социологија и да се посвети на работа во  социјалните служби, каде ќе помагаат на – жртви на насилство. Ни ова не е „невин“ случај на семејно насилство. За среќа завршил добро, но можел и не дај боже, кобно, доколку нешто измрдало од замисленото, по план на мајката на Таша, на чија одговорност бил изведен овој насилен акт, а  за пари прифатен од непознати доктори.

Едукацијата на оваа тема, која станала професионален приоритет на Вања, е важна за девојките кои се во врска. И за мајките кои сакаат строго да ја планирата иднината на своите ќерки. Треба да нагласат и  последиците од вакво навидум грижливо, но во суштина интригантно и опасно семејно насилство.

Валентина Ѓоргиевска Парго


(Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“)