дома Насловна Женски приказни: Голотијата укажува на неморална жена?!

Женски приказни: Голотијата укажува на неморална жена?!

Валентина Ѓоргиевска Парго

285
Во едно помало гратче, своевремено, пред три децении, угледна службеничка купила црвен моден мантил од каталог, нетипичен за тоа време. Убавата и секогаш дотерана жена го облекла мантилот и отишла на работа, и за нејзино изненадување наместо комплименти добила “прострелни погледи” од околината. Набргу потоа, и се јавила нејзина сестра и со попуплачлив тон и ја замолила-веднаш да го соблечеш мантилот, а со зборовите “цел град те зборува, со тој дречлив мантил, како некоја неморална жена си што сака да шара” (се мислело да кокетира со машкиот свет).
Навидум, ова е смешно, но потребата една жена да биде “поразлична” од другите, а и повеќе да се истакне, на околината и дало “знак” дека таа сака на тој начин да флертува, да шармира, да заведува, а тоа не доликува на угледна дама, згора на тоа сопруга на доктор. Сестра и била упорна, се додека мантилот не го ставила вон употреба.
Современото време донесе нови форми на размислување, облекување, однесување, животен стил, сосема различни од тие некогаш. За пристојно воспитание луѓе и ден денес важат некои правила на однесување, ама, не мнозинството се препушта на следење на трендовите, не размислувајќи дали е тоа во ред или не. Денес облекувањето е послободно, напати надвор ор границата на допадливото и пристојното, дури нема разлика во облекувањето на “модерните баби и на модерните девојки”, а на социјалните мрежи може да се видат жени во најразлилни варијанти, средовечни жени во костими за капење, во кратки здолништа, со отворени и деколтиран корсети.
– Се срамам од мојата мајка што така разголена се прикажува во јавност, а на училиште сакам да скријам дека ми е мајка, иако сите знаат, се пожалила една тинејџерка, ќерка на јавна личност.
Ова размислување е производ на тоа што таа слушала коментари дека нејзината мајка е недолична и распуштена, а нејзините другарчиња (влезени во пубертет) отворено ја доживувале мајка и само како “објект за телесно општење” и ги споделувале на нејзините разголени фотографии на фејсбук.
Начинот на облекување е еден од пресудниот фактори да се донесе заклучок во корист, односно на штета на жената. Во секоја жена во години, над триесеттите, како да се гледа безвредна жена, ако си дозволи послободен стил на облекување, жена која сака телото да го продава за пари, или веќе го продава, а и затоа е така облечена. И веднаш е омаловажувана и покажана со прст од околината. На овие стереотипи не се имуни луѓето од сите места.
– Таа ли мене ќе ми суди, а изгледа како старлета со задникот гол и напрчени усни!, “Што си се потстрижила кратко како некоја ле****ка!”, “Од оваа со градите разголени, мајка не бидува”, “Оваа уличарка ли ќе ми го учи детето, со вештачки нокти и трепки и со мини до папок!”, “Каква мајка таква ќерка, и мајка и шеташе со голи газови”, се само дел од фрразите што се користат како етикета, залепена за некоја жена, на база на нејзиното облекување.
Но, од другата страна постојат и многу предрасуди кон жената која својот изглед го подредува на верските правила. Најчесто ако видат жена покриена со бурка, припадничките на другите вери помислуваат дека тоа е неедуцирана жена, која живее само во кругот на домот, недоволно информирана или недоволно еманципирана, што секако не е ни одблиску точно. Овие стереотипи дури одат во насока на тоа да се мисли дека жените со мантил и бурка се толку сомнителни што “под мантилот носат бомби за тероризам, или друго оружје”. Подеднакво штетни и невистинити се и двата типа на предрасуди кон споменатото женско облекување, особено кон второспоменатото, затоа што иако според облеката донекаде може да се препознае женскиот карактер, памет и ум, во многу случаи изгледот лаже, и е далеку од вистината, односно од востановените предрасуди.
И, за крај, досетлива забелешка на еден човек на прашањето дали се сменија жените во неговото гратче, мало балканско место денес кога носат мини здолништа, или порано кога носеле фереџиња, тој насмеан одговорил – Жените се исти, само е сменета облеката!

Текстот е дел од проектот „Не молчи, пријави насилство“ на Новинари за човекови права и WWDP