Кога ќе се спомене зборот „женска солидарност“, првенствено се мисли за неопходната конкретна поддршка што една жена може да ја добие, или да смета на неа, во ситуација кога и е потребна. Тоа значи, да добие пред се поддршка од жена. Да ја сфатат нејзината женска болка, тага, ситуација, неволја во која западнала. Да и дадат совет, убав збор, психичка или здравствена поддршка, да и посветат внимание, да ја упатат, насочат, поддржат. И финансиски, ако проблемот е од таков карактер. Во многу случаи, погрешно се сфаќа женската солидарност.

-Никоја нема време за другата, ни разбирање, ни грам емпатија, вели една средовечна жена, која за себе смета дека во минатото премногу давала од себе си, помагала на секоја пријателка и жена која и се обратила, ја сослушувала, поддржувала, но кога самата таа имала проблем со разводот, со здравјето и со немање доволно финансии, сите исчезнале, со образложение дека се зафатени со обврски во домот и семејството, и немаат време.

-Наеднаш женската солидарност исчезна од мојот свет. Истата таа што некогаш јас ја укажував во секој потребен момент, кога дојде време да ја побарам, никоја не ми ја даде. Оттогаш се променив, не кревам ни телефон на пријателка кога се јавува за да ми кажа нешто за себе. Се оладив кон „женската солидарност“, додава оваа жена.

Колку и да звучи како стереотип, но солидарноста се однесува пред се на женскиот пол, од жена за жена, во моменти кога машката солидарност не би завршила работа.

-Се обидувам да ја разберам женската солидарност. Женска солидарност е посебен феномен, кој има сила само кога девојките или жените се здружени во некој сојуз, кога треба да остварат некоја заедничка цел или своја желба. Или, за жал, да наместат некоја друга жена. Како резултат на тоа, се случува и погрешно сфаќање на поимот „женска солидарност“. Некои сметаат дека кај жените постои солидарност само кога се многу блиски пријателки, и кога сакаат бидат покриени една со друга пред своите сопрузи или партнери, во однос на некоја тајна работа. На пример, кога и двете се во потрага по тајни интимни пријатели, тие се здружуваат и заедно ги лажат своите сопрузи или им прават „филмови“. А сепак тоа тешко може да се нарече солидарност, ни објавува една учителка, која тврди дека нејзините колешки заедно одат на викенди во хотелски соби, како „женско друштво“, но таму ги чекаат тајниот љубовник на едната. Во вистинската и правилна женска солидарност надвладуваат емоции. Овие два концепти, првоспоменатиот и овој, не треба да се споредува. За првиот, еве уште една хумористична споредба, во случај на „солидарност на жените“: жена која не спие дома, со образложение дека остана на ноќта кај своја пријателка. Кога нејзиниот сопруг почнува да ѕвони нејзината пријателка, смислува изговор, дека отишла до продавница, дека брзо ќе се врати.

– Долги години погрешно ја спроведував мојата солидарност кон најдобрата другарка, се додека не дојде до развод, кога сфатив дека и јас сум виновна за тоа. Имено, таа се омажи за пристојно момче. Но, во себе никогаш немаше раскинато со поранешниот љубовник, со кого се среќаваа. Тоа го расклати нејзиниот брак. Таа остануваше доцна во ноќта со мене. А потоа заминуваше со него. Нејзиниот сопруг, кој имаше максимална доверба во мене, и даваше зелено светло да остане доцна во ноќта со мене. Еден ден тој ми се пожали дека остануваме многу долго, и праша што правиме во 5 часот во зори. Тогаш сфатив дека таа со мене останува до одредено време, после полноќ, потоа се среќава тајно со љубовникот. Мојата солидарност кон неа беше што ја оправдав и одбранив, велејќи дека понекогаш гледаме филм, или работиме на некои заеднички проекти. Го замаив мажот и, а по неколку години кога се разведоа сфатив дека направив грешка. Потоа таа доста страдаше.

Сличен случај раскажува и една девојка, за својата другарка.

-Таа беше мажена но се гледаше со познат пејач. Јас бев тука како тампон зона, да ја одбранам неа, а да ја залажам нејзинита фамилија, дека с забавуваме кај мене. Женската солидарност на една жена кон самохрана мајка била со тоа што секаде одела со неа, и во хотели, додека таа таму ги поканувала своите љубовници. И да добие пари, но и да ја зајакне својата позиција на работното место. За да не се забележи оделе двете изнајмувале соба, а љубовникот изнајмувал друга. Потоа се случувало само „рокада“, љубовникот доаѓал во собата, а пријателката заминувала во неговата соба. Но, рецепционерите го забележале тоа. Манифестирање женска солидарност на ваков начин, не е исто што и да се позајмат пари, да се даде совет, да се укаже психика поддршка. Една мошне појава е немањето чувство за женска солидарност кога на социјалните мрежи се напаѓа некоја жена, без да се знае причината се вклучуваат и мноштво жени да истурат погрдни зборови. Особено кога самата таа е жртва на насилствто од маж, ќе прочитате; „Убаво и се напраив, и мрда опашот и шараат очите. Таа не е добра мајка, сопруга, го изневерува сопругот…“ И грст измислици, за само неколку минути. -Неодамна еден водител, вербален насилник, ме нападна без основана причина на својот фб профил, со најпогрдни зборови и валификации. Кога се обратив до неговата уредничка, таа само рече дека не го уредува неговиот личен профил, и како да сакаше да каже дека тоа е во ред. Тоа беше нејзијата „женска солидарност“, е уште едно искуство. Женската солидарност треба да биде укажана во форма на „подадена рака“, од друга жена, кога е неопходно, и ненапаѓање на некоја жена кога не е поврзано со вас, не ве засега, не ја знаете нејзината причина или немате вистински информации што и се случува. Зошто секое друго однесување, споривно на ова, се третита, како- потпомогнување на насилство врз жена!

Текстот е дел од проектот „Не молчи, запри го насилството“ на НЧП и WWDP.