дома Насловна Женски приказни: Кога ги побарав своите права, ми рекоа „Ова не е...

Женски приказни: Кога ги побарав своите права, ми рекоа „Ова не е Европа!“

990

Во Македонија има недостиг од прифатилишта за жени- жртви од на семејно насилство, а и во тие кои се на располагање условите за престој, храната, заштитата и безбедноста се супстандардни. Покрај тоа, жртвата не може долго да се задржи таму – по неколку месеци, сепак мора да го напушти тој дом и да замине.

Многу од оние жени кои се судруваат со силно психофизичко, особено физичко семејно насилство и навистина не знаат каде да одат, е една млада модерна жена, која едвај преживува со мали примања од занаетчиски дуќан во предградие. Нејзиниот случај всушност е актуелен случај и за адвокатката Сенада Сали, која работи во меѓународна организација за човекови права со седиште во Будимпешта, ERRC – European Roma Rights Centre. Адвокатката се вложува овој случај да добие завршница најдобра што може, во полза на жртвата.

-Неодамна целосно нејзината ситуација беше мошне лоша. Дента кога жртвата беше нападната многупати вртев на отворените линии за пријавување на семејно насилство, некои броеви не работат, а некои беа зафатени. На една од тие линии, ми рекоа нека оди кај роднини. Овој случај е комлициран. Жената неодамна имаше судење според кое нејзиниот сопруг е осуден условно, но кога по судењето тој пак се вратил дома со неа, ја претепал. Истиот ден дури. Побаравме да биде сместена, никој со прст не мрдна. Дополнително, станува збор за жена оболена од канцер, вели адвокатката Сенада и дообјаснува дека и полицијата знае за нивниот проблем.

„Полицијата е информирана, веќе има судска мерка против мажот, но тој е на слобода, а со судската одлука му се забранува да и се доближува на сопругата, но кој да ја примени таа одлука“, се жали адвокатката.

За овој, се уште актуелен случај, од секаде барале помош. Никој досега ништо не направил. Нејзината клиентка барала работа за да побегне од сопругот, затоа што во прифатилиште не е безбедно.

-Се јавив на неколку отворени линии. На 15-700, веќе кажав, ми рекоа нека оди кај роднини. И сега жената е оставена сама на себе. Јас можам да ја примам во градот во Македонија од каде потекнувам, ќе и најдам извезна работа, но има и малолетно дете и тоа оди на училиште. Општо е во лоша ситуација, и веќе овде правна помош не помага, треба реакција веднаш. Ми останува да се јавам пак во националниот сервис за жртви на насилство, да видам дали ќе предложат нешто, си превзема самата обврска адвокатката.

Од агол пак на жртвата, неможноста за прифаќање во сигурен прифатилишен дом, и нефункционирањето на дел од институциите тоа изгледа вака:

-Со сопругот сме во брак над 10 години, но поради судир на различни карактери и различно интелектуално ниво, постојано доаѓаме до брачни конфликти. Се разбира и детето е со нас, и ова нему најнегативно ќе му влијае. Ни самата не знам колку пати имам пријавено во полиција. Но, од нивна страна беше само предупредување, по мое исмејување врз жената која е жртва. За сметка на тоа, мојот сопруг продолжува со своето однесување. По подолго време и многу размислување се одлучив да поднесам тужба за семејно насилство, во соработка со полицијата и центарот за социјални работи. Од нивна страна постапката беше спроведена на суд, каде што сопругот доби условно предупредување за престанок на психофизичко малтретирање. Но, јас како жртва на семејно насилство и како оштетена останувам во домот на насилникот, бидејќи нашата држава воопшто не пружа никаква заштита. А што се однесува до здравствениот и социјалниот статус, кога побарав да бидам обезбедена, нивниот одговор на сето тоа беше: „Ова не е Европа!“

Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“