дома Живот Социјална политика Женски приказни: Навредувањето, како семејно воспитување се пренесува на генерации!

Женски приказни: Навредувањето, како семејно воспитување се пренесува на генерации!

Валентина Ѓоргиевска Парго

201

Според општ заклучок, не постои човек кој не навредил, и не претрпел навреда. Навредата најчесто е вербална, искажана со зборови, со цел да се омаловажи, повреди, потцени или исмее личноста кон која е упатена навредата.

Не ретко навредата се искажува со повишен тон, со пцовка, со поттурнување. Често пати знаеме да кажеме дека зборовите можат повеќе да повредат отколку физичкиот удар.

Постојат многу семејства во кои навредите го имаат „главниот збор“. Од најнеобразовани до најобразовани, од неситуирани до богати. Не треба да се нагласува дека на нашиве простори (како и секаде, но да се осврнеме за овде) најчесто тие навреди се упатени кон жената, и најчесто доаѓаат од посилниот кон полабиот пол, или поточно од сопругот кон сопругата, од синот кон мајката, сестрата, тетката, соседката.

Од каде потекнува сево ова? Се уште владее мислење дека мажот е тој што „треба да каже“ и тој што „треба да го има главниот, и последниот збор“. А жената мора тоа да го почитува, дури и кога е сосема во право. За да не дојде до полоша ситуација. Ваквиот начин и ниво на комуницирање не е случајно и не е создадено преку ноќ. Зад сето тоа стојат години, па и децении „минат семеен труд“. Однесувањето на мажот кон жената  е само слика во какви услови тој растел, со какви родители, како тие се обраќале меѓусебе. Во семејство во кое се упатувале вербални наавреди од маж кон жена (иако има и обратни случаи) станува како практика и како нешто сосема нормално, и, тоа, како домашно воспитание, се пренесува од колено на колено, на следната, па и на следните генерации.

За да биде уште попатетично, најчесто во моменти на избувливост, нервоза, проблем, заплеткана ситуација, истите навреди членовите на семејството си ги кажуваатт и пред надворешни луѓе, пријатели, соработници, на улица.

-Ме нарекува со секакви зборови. И кога е нервозен, и кога е наизглед смирен, мојот сопруг. Најчесто со зборови кои не доликуваат, од типот „к*рво една“. Од курвинска фамилија сум те зел. Затоа бикој не те земаше, освен јас, на сила ми се тупна бремена“. Она што најмногу ме повредува е викањето во кое вели „И ќерка ти ќе стане к*рва како тебе“, а станува збор за навредување пред ушите на нашата ќерка која веќе е тинејџерка и како и секоја друга бара да се дотера и да прошета, открива жена, чие смејство е западнато во финансиски проблеми.

-Можеби наивидум не е страшно така да се каже, но тоа предизвикува негативен електрицитет. Тоа го иритира нашиот син, кој од друга страна пак од татко му е поштеден од вакви навреди и пцовки, и се  случи да сака да ја тепа сестра си неколку пати, дури еднаш ја притисна до ѕидот и и ги стави прстите во нејзината уста за да ја повреди, затоа што била недолично облечена, како што кажа татко му. Таа слика што му ја создава сопствениот родител може да донесе проблем,а не знам како да го решам. Додека сум јас дома ги одделувам децата кога ќе се закараат и степаат, но кога не сум? На работа одам, мислам што прават дома децата, објаснува растревожена мајка.

Многу жени за овие семејни појави ги обвинуваатт своите свекрви. Но, доколку сте во нивна близна сигурно нема да ви е сфатливо, нејзината свекрва е фина и настрадна жена, која цел живот покорно го трпела својот сопруг, но  од друга страна често пати и свекрвата не превзела ништо навреме да му објасни на својот син дека однесувањето од неговиот татко кон неа, од неговиот дедо кон баба,  не смее и тој да го преслика во бракот.  Тоа е само резултат на долговременско такво однесување во фамилијата.

-Сопругот мој, во кризата на неговиот средни години, без никаква причина и повод почна да се сомнева дека го изневерувам. А јас куп дијагнози, здравјето не можам да си го средам. На работа, дома, од дома на работ. “Цел град ти се качи!“, знае да ми свика од чист мир. И пред синот, кој е веќе студент, и јас навистина се чувствувам засрамено. Навидум делува како да е во право, толку убедливо зборува,  како да има јасни докази за тоа  и како сите да знаат. Вика, за да го слушаат соседите. Особено во лето обожава да излезе на тераса и да вика на сиот глас. Да го слушнат.  Можам да речам дека насамо не ме навредува, тој е флегматичен тип, или ќе промрмори нешто речиси нечујно,  но доколку забележи дека некој го слуша, за да се „докаже“ се дере. Не беше таков, кога го фатија средните години и стана пасивен како маж, и заглавивме со кредитот за автомобилот на нашиот син, целата вина што ја носи во себе што не може да отплаќаме редовно рати, почна да ја истура врз мене преку навреди. Не ме удрил, но ме навредува,  објаснува жена од едно скопско предградие.

Таа додава дека инаку, тој е од мирно работничко семејство во кое немало расправии:

-Понекогаш се прави ко божем воопшто не му е грижа кој се го слуша и што мислат луѓето за него и за нас како семејство, но се напрега баш да го слушнат. На тој начин доживува поголема сатисфакција, чувствува како повеќе да ме повредил. Го стегам јазикот да не му вратам. Само молчам. Ми е срам да излезам до продавница. Кога не можам да го дочека крајот на расправијата, излегувам од дома. Тој уште малку ќе повика и се смирува, му здодеало да зборува. Ме нема мене пред него да  ме навредува. Кога дојдовме да живееме во овој стан, пред петнаесетина години и двајцата важевме за почитувани, и двајцата со завршени факултети, со респект од околината. Подобро да се разведеме, иако не прилега сега на оваа старост, а се зедовме од љубов, дополнува жената.

За навредите позборувавме и со друга средовечна жена која станала мета на сопргот откоко ги завршила магистерските студии, за кои претходно тој вложувал финансии:

-Ти не си доволно паметна за да сфатиш, е една од главните навреди на мојот сопруг откако станав магистер, а тој се уште не уште не да го заврши факултетот, иако е галениче на неговото семејство, кое беше доста богато и вложуваше во него. Со оваа секојдневна навреда, кажана најчесто беспотребно, како да сака да ми даде до знаење дека мојата диплома не вреди ништо и дека не вреди ни што напредував во шеф на маркетинг во фирмата во која работам. Тој е обичен масјтор, во една работилница, кој кога е нервозен знае да ја прошири навредата со зборовите: „Твоето ниво на интелегенција е толку ниско, што е рамно со прагот на зградава, вели.Ти да беше образована, немаше да легнуваш во фирмата со главните за да те унапредат!“. А самиот тој ми даваше пари да ги отплатам магистерските студии зошто сметаше дека сум  била бистра и паметна и вредело да се дообразовам, но сега се предомисли, ни објаснува магистерката, која студирала паралелно со подигањето на нивните две мали деца.

Зборот, навидум е издувен вентил, но она што се кажува останува трајно врежано врз децата и секоја искажана навреда кон сопругата и мајката, децата ја носат како печат белег, знак на препознавање а еден ден и начин на однесување. Мизогиното однесување на мажот носи трајни последици. Затоа, внимателно!

(Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“)