дома Живот Сцена Жешка фанки атмосфера со „Д Хагис Хорнс“ во Скопје

Жешка фанки атмосфера со „Д Хагис Хорнс“ во Скопје

30

Скопје, уште еднаш заличе на метропола, со градската музичка сесија што британската фанк сензацијата  „Д Хагис Хорнс“ ја одржа на  6 декември, во ноќниот клуб „Станица 26“. Атмосферата ни ја доловуваат ексклузивните фотографии направени од Ангел Ситновски.

Овие седум екстравагантни обучени џез музичари во живо направија фанки атмосфера каква што одамна немало. Нивната музика е комбинација на брејк бит фанк, хип хоп, афро бит и џез и затоа е интересна, допадлива и енергична.  Овој клубски концерт организиран од концертната агенција и продукција „3Гонга“ го проследија и познати скопски музичари.