Забраната за движење од 21 до 05 часот не ја почитувале 66 лица при што приведени биле 37 лица, а за другите се изготвени записници и ќе бидат поднесени соодветни пријави, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Во изминатите 24 часа (25/26.03.), според евиденцијата на МВР, на територијата на државата на 368 лица им се издадени решенија за изолација, 82 потпишале изјави за самоизолација, а од страна на полициските служби извршени се контроли и е констатиран само еден случај на лице кое не ја почитувало самоизолацијата.

Покрај ова полицијата, во соработка со другите институции во изминатото деноноќие извршила и контрола врз 222 угостителски и други објекти, и во три случаи за три објекти е констатирано непочитување на владините мерки и одлуки. А.Р.