Александар Јошески од Прилеп кој од семејството беше пријавен за исчезнат на 21.02, за жал, синоќа беше пронајден починат.

Информацијата на Фејсбук ја објави и неговата ќерка, која и апелираше заедно со поширокото семејство за неговото пронаоѓање, но потрагата за жал заврши со негативен исход.

-Го пронајдовме. Ви благодарам на сите за помошта. Бог да го прости, не е повеќе меѓу нас, напиша Ана Марија Јошеска на својот фејсбук профил.

Исчезнувањето беше пријавено во полиција, се споделуваа апели на социјалните мрежи и во медиуми, а профилот за исчезнатиот беше објавен и на страницата „Најди ме“ за алармирање за исчезнати лица од каде е отстранета по информацијата дека завршила потрагата.