дома Живот Социјална политика Завршна конференција на проектот „Споделување знаење, справување со контроверзии во училиштата во...

Завршна конференција на проектот „Споделување знаење, справување со контроверзии во училиштата во Грција, Северна Македонија и Бугарија“

86

Претставници на наставната заедница од Грција, Северна Македонија и Бугарија ќе бидат дел од завршната конференција на проектот „Споделување на знаење, справување со контроверзии во училиштата во Грција, Северна Македонија и Бугарија“ која ќе се одржи онлајн на платформата Зум на 15 ноември (понеделник) од 15.00 до 17.00 часот.

На конференцијата ќе се даде осврт на идејата зад проектот, ќе се споделат искуствата и ќе се прикажат активностите реализирани во рамките на проектот „Споделување на знаење, справување со контроверзии во училиштата во Грција, Северна Македонија и Бугарија“ спроведуван од партнер организациите АНТИГОНЕ – Информативен и документациски центар за расизам, екологија, мир и ненасилство од Грција, Новинари за човекови права од Северна Македонија, и Амалипе Центар за меѓуетнички дијалог и толеранција од Бугарија, во рамки на Заедничката програма Democratic and Inclusive School Culture on Operation (DISCO), поддржан од финансирани од страна на Совет на Европа и Европската унија.

Претставници на наставната заедница од секоја од трите земји ќе го презентираат своето искуство, а ќе се осврнат и на едукативната програма на проектот: активностите, резултатите и продолжувањето. Воедно, на завршната конференција ќе бидат претставени и клучните продукти развиени во рамките на овој проект, алатката за обука „Управување со контроверзии“ преведена на локалните јазици, 8-часовна програма за обука, Едукативен прирачник и електронска алатка за наставната заедница од трите држави.

Целта на проектот кој се спроведуваше од 01 март до 15 декември 2021 година, е развивање на мирна и инклузивна училишна средина во трите партнерски земји (Бугарија, Грција, Северна Македонија), со употреба на едукација за човекови права и конкретно со употреба на алатката за обука на Советот на Европа за справување со контроверзии „Управување со контроверзии. Развој на стратегија за справување со контроверзии и предавање на контроверзни прашања во училиштата“. Специфичните цели се да се зајакне локалната наставна заедница и образовните чинители да се справат со контроверзиите во училиштата и да го применат во пракса неформалното образование за човековите права, и да се подигне свеста на локалните училишни заедници за релевантноста на образованието за човекови права за управување со контроверзни прашања. С.Х.