На државите од Западен Балкан ќе им требаат 50 или 60 години да го достигнат животниот стандард на Европската Унија, се наведува во извештајот на британската Комисија за надворешни работи, кој беше објавен во пресрет на неодамнешниот самит во Лондон.

Перспективата на шест земји од Западен Балкан, кога станува збор за членството во ЕУ, во овој извештај е сосема мрачна, а меѓу многу бројните пречки, освен “хронична економска стагнација,” се споменати и постојани билатерални спорови и етнички конфликти, пренесува белградски „Блиц“.

„Западен Балкан од насилните конфликти во деведесеттите години надмина бројни проблеми, но тоа се добри вести од регионот. Тој останува оптоварен со цел сет на испреплетени проблеми. Сето ова не може да се земе здраво за готово. Проблемите оттогаш се влошија, а локалните елити имаат интерес за задржување на статус кво“, се вели во изјавата на Комитетот за надворешни работи на Велика Британија.

Исто така се забележува дека помалку од 25 години во земјите од Западен Балкан беше војна и дека „овде се случија и најекстремните насилства врз цивили во Европа од крајот на Втората светска војна”.