Како се приближува времето, така и се погласно се поставува прашањето дали ќе има одмор оваа година. Владата прави напори, по примерот на многу земји од соседството, со ваучери за туризам, со цел да ги задржи граѓаните дома. Но, гражаните се плашат да не биде само како во Србија која веќе им подели ваучери за туризам. Имено, во Србија за да го користите ваучерот, мора да уплатите ножевање од миниму 5 дена, а разликата во цена да си ја платите сами!!!

Од друга страна, пак, многу од земјите прават програми, нудат поволности за странските туристи, само да ги привлечат оние кои сепак планирале да отпатуваат некаде и веќе ги обајвија нивните понуди.

Па така, Кипар, прва и засега единствена објави дека ќе ги покрие трошоците за лекување и сместување за секој што ќе се зарази на вирусот корона за време на одморот. Кипарската влада соопшти дека ќе ги покрие трошоците за привремено сместување, храна, пијалок и лекови за пациенти со ковида-19 и нивните семејства. Пациентите ќе треба да го платат само такси-возење до аеродромот за летот до дома.

На 23 плажи на Црното Море во Бугарија, гостите нема да мора да плаќаат за чадори и лежалки, најави министерката за туризам на Бугарија, Николина Ангелкова. Секој што управува со плажите е должен да понуди намалување на цените на чадори и лежалки за најмалку 50 проценти, а за неисполнување на ова барање е предвидена казна од 50.000 леви (околу 25.000). Казната за повторен прекршок е 100.000 лева.

Сицилија, како што веќе пишуваше ТЕХТ.МК  со цел да привлече што повеќе туристи и да ја стимулира економијата, најави дека секоја четврта ноќ на островот ќе биде бесплатна. Сицилија исто така издвои 50 милиони евра за да плати половина од цената на авионскиот билет за секој што ќе слета на аеродромите во Катанија или Палермо. Јапонија презема слични мерки како во Сицилија. На крајот на април јапонската Влада објави дека бројот на гости во земјата се намалил за 99,9 проценти во однос на минатата година, па затоа предлага сет мерки со цел да ги убеди туристите да и се вратат. Планот за обновување на туризмот ќе се одвива во два чекори – прво, на посетителите ќе им се исплати половина од цената на авионскиот билет, а другите субвенции ќе бидат дистрибуирани до локалните бизнисмени на туризмот. Сè уште не е прецизирано како ќе се дистрибуираат субвенциите и кои трошоци ќе бидат покриени, но се шпекулира дека странските туристи може да бидат покриени до 50 проценти од трошоците. Владата за тоа издвои 12,5 милијарди долари.

Турција исто така превзема мерки за враќање на туристите, преку прогласување на „корона чисти зони“, како и преку издавање на безбедносен сертификат на хотелите кои ќе имаат право да примаат гости. Но, она што сега за сега ги обесхрабрува оние кои сакаа да одат на одмор во Турција е информацијата дека сите што ќе одат по воздушен пат, ќе мора да прават ПСР тест на аеродромот на кој ќе слетаат. Се уште не се знае како ќе биде со оние кои ќе патуваат со автобус или автомобил, како ни колку ќе чини тестот.

Н.Доковска