На полноќ, во Австрија стапија во сила нови мерки за влез во земјата од таканаречените ризични региони, во кои спаѓаат и сите балкански земји.

Новите мерки значат дека патниците мора да покажат негативен ПЦР тест на граница, кој не смее да биде постар од три дена, пренесува РТС.

Доколку го немаат овој тест при влегувањето, патниците мора да одат во самоозолација, а во рок од 48 часа мора да направат ПЦР тест на свој трошок.

Во случај да не го сторат тоа, следува парична казна до 1.450 евра. А.Н.