дома Живот Репортажи За седумте дни зимски

За седумте дни зимски

Една поинаква репортажа од Пампорово, Бугарија

93

И што да се прави?!
Во четириѕвезден спа хотел високо меѓу борови и ели.
Меѓу млади со фамилии здрави, меѓу деца со палави глави.
Студени утра поблаги дни во кусата светлина на денот.
И што да се прави­?!
На трпези полни со јадења нови,
Во сали за бал, за пир од утро до мрак.
Измешани погледи на луѓе слични, а различни.
Отапени од блазе, умор и хир.
Некои мокри во бањарки свити низ коридори ко авети вити,
Трагаат по мир и чистота од внатре, чистота и пир!
И што да се прави?!
Низа хумор блед и финти во лифт секој секому нуди.
Женски погледи ко бар-коди в скен, знаат за секого се.
Друштва и групи во кругови свои минуваат бели дни.
За пари и профит не се далат думи непристојно е нели!
Но, значајни се сите знаци, фирми и сјај, и клучеви од аута на маса,
Да се знае кој е кој, ама не, ние сме тие, се смееме на селфи,
Се знаеме сите!
За седумте дни зимски и спа, иста бира пиеме.
Од исто сонце грееме.