дома Култура Литература ЗЕМАМ ЗБОР: Проф д-р Весна Дамчевска Илиевска

ЗЕМАМ ЗБОР: Проф д-р Весна Дамчевска Илиевска

29

Во оваа рубрика, збор даваме на интересни пишувани идеи, визии на автори. Во оваа прилика, споделуваме една песна од pроф д-р Весна Дамчевска Илиевскa.

Сѐ ќе биде!

Се ќе биде кога:
Секој, на ветеното ќе се сети,
Во секој дом, кандилце на слога ќе свети,
Да нема етикети со “душмани клети”…
Од туѓо веќе никој нема да зема,
Секој ќе подаде нешто, на некој што нема,
Тој што земал од друг, да му го врати…
Тогаш, може
Ќе живее секој, како што сака,
Ќе умее да дава и прима подадена рака…
До тогаш
Ќе биде и вака и така
Секој со свој ум и своја нафака…