Во оваа рубрика, збор даваме на интересни пишувани идеи, визии на автори, а овој пат тоа е ДАНИЕЛА ЦАРУЛЕСКА.
*****************
Ранетата гулабица
Те љубам, само како мајка
што може-до бескрај!
Добрина и совет мора
мајка да знае да даде.
Мајка сум, па понекогаш
треба и да те корам!
Зошто така треба!
За утре патот
што треба да го одиш,
да знаеш, да не пуштиш солза,
како сега пред мајка што плачеш,
за дела што мене ме печат
и рана во душа ми горат.
Ти си чедо на Мајка
и не може вака!
Јас не давам ти да страдаш!
Ако нешто те пече и мачи,
ти на мајка кажи.
Ако заљубиш силно и чисто,
ти пак мене ми кажи.
И не криј од мене солзи.
Животот не е секогаш бајка!
Знам дека така ти зборев,
ама беше мала.
Принцот и твој ќе дојде.
Со рози, патот твој послан да биде,
во животот се’ песна да ти биде.
А насмевот на лице твое
Како Сонце да грее и нежно,
како што мајка рожба си гушка,
ти гушни го светот и дари му насмев
и чекори со крената глава.
И кога нема, мајка до тебе да биде,
ќе ти даде Господ и тебе рожба,
па пренеси бајка и ви нивните срца.
За љубов, за радост,
се’ само за тоа да збориш
и за нивниот ден силно да свети!
Оди го патот со мудрост и надеж,
зошто мајка истрошена, веќе сака
само да дојдеш и да те гушне.
Да ми смириш срце,
да ми стоплиш душа.
Моја гордост и надеж,
сета љубов тебе и на твојот брат
Ви ја дарив, зошто мајка си има,
две чеда, две души како една!
Гулабице моја, излекувај рани
и продолжи да леташ
И само љубов да блика
Од твојот бескрај ширен,
што живот се вика!
(Посветена е на мојата ќерка Стефка- стјуардеса)
