Во оваа рубрика, збор даваме на интересни пишувани идеи, визии на автори. Во оваа прилика, во чест на празникот на виното и празникот на љубовта – 14 февруари, споделуваме две песни од Сотир Чаушевски.

************

УСНИ ЉУБЕНИ

Ајде да се заборавиме во твоето вино, што во чаша свети,црвено-црно, пурпурно,
опојно вино.
О,па твојте усни го бакнаа огнот што гори. Не знам од каде ли се појави,
не е игра што те гледам,
а сакам да те гледам.
Блесокот од громови,
на земјата
вжарена
Љубена.
Ох, сакам да те љубам
Ајде.
Да се заборавиме во твоето вино.
Ayer a las 19:54

 

*********

Црвено жолто

Пламен разгорен,
бескрајна желба
за недопирлива
љубов,
со огин изгорена.
Болка до
срце влезена,
болка за љубов
недопрена.
Болка,болка голема
со вино црвено
да ја лечиме,
може ли?
Ајде,
од иста чаша
да се напиеме.
Денес е празник
на влубените.
Зар ние не сме тоа?
Ајде,напиј се,
остави трага од усните.
А, јас ќе ја милувам
чашата
и ќе се насладувам
од вкусот на
виното и
твоите усни.