дома Политика Македонија Иванов нема да го потпише указот за Законот за јазиците

Иванов нема да го потпише указот за Законот за јазиците

46

И покрај обврската, Претседателот Ѓорѓе Иванов нема да го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците, бидејќи бил донесен во постапка спротивна на Уставот.

Бидејќи Собранието синоќа, без расправа за 35.569 амандмани на опозицијата, го усвои Законот за јазиците, Иванов рече дека нема да го потпише указот за прогласување на законот кој е донесен на таков начин, надвор од сите процедури, без дебата за амандманите, наведувајќи дека тој не му го дозволува Уставот и совеста.

Според член 75 од Уставот, Иванов е должен да го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците, бидејќи веќе го искористи правото на вето, но не е пропишан рок во кој тоа треба да го направи.

Со ова се отвора можноста законот воопшто да не биде објавен во Службен весник, односно не може да се започне со неговата примена.