Со 11 медали се врати триатлон-тимот на „Триоги рејсинг“ од Скопје од 27. Белградски 11три спринт триатлон, што се одржа вчера на Ада Циганлија. Апсолутен шампион на натпреварот е Иво Јован Димовски (18), кој иако јуниор, успеа со филмски фотофиниш да ги надмудри сите останатите натпреварувачи.

По големиот успех на Националното првенство во Дојран што се одржа пред две недели, каде беа освоени медали во сите категории, триатлон клубот продолжи да жнее одлични резултати.

Во останатите категории беа постигнати следните резултати:

*Пионери – Марио Брезовски освои златен медал.

*Млади јуниорки – Магдалена Станковска – сребрен медал и Ева Здравев – бронзен.

*Млади кадетки – Јована Каленикова – освои златен медал, Јана Ѓоријевска – сребрен, а Хана Јовановска – бронзен.

*Млади кадети – Бобан Јаневски освои сребрен медал, а Јосиф Малински – бронзен.

*Млади пионерки – Калина Ѓорѓијевска освои трето место во млади пионерки.

*Возрасни – Александар Здравев – златен медал

Стефан Делев од клубот „Софка“ од Скопје го освои третото место во категоријатa млади јуниори.

Клубот „Триоги рејсинг“ постои пет години и е фокусиран на работа со деца од пет години нагоре, кои ги изучуваат пливањето, велосипедизмот и трчањето како една дисциплина – триатлон.