дома Живот Здравје Изгледа како грип, но не е – што е аденовирус

Изгледа како грип, но не е – што е аденовирус

466

Тешко е да се разликуваат “на око”. Аденовирусот има многу слични симптоми како грипот, но не е. Поради сличности, лекарите ретко бараат дополнителна анализа за да се утврди за кој точно вирус се работи, и често останува неутврден и со сите мерки што се применуваат кога станува збор за која било вирусна инфекција едноставно поминува.

Како и грипот, аденовирусот може да предизвика други болести како што се респираторни инфекции, белодробно воспаление (пневмонија) или бронхитис, а можеби најкарактеристичен симптом е инфекција на уринарниот тракт и црвени очи како резултат на коњуктивитис, пишува „Live Science“.

Симптомите на аденовирусот како и грипот вклучуваат треска, болка во грлото, течење на носот, кашлица …

-Тешко некој би можел „од око“ да го разликува од грип, треба да се направат дополнителни анализи, истакнува д-р Амеш Адаља од Џонс Хопкинс Центарот.

Се пренесува, како и другите вируси, преку распрскување ситни капки, со директен контакт и по феко-орален пат.

Аденовирусите се изолираат со брисеви, а лекувањето се заснова на одмор и употреба на лекови и средства за ублажување на општите симптоми како што се намалување на висока температура, ублажување на болките, топли напитоци, капки за нос, средства за ублажување на искашлувањето… Ако е сликата потешка, потребно е да се консултира лекар и да се воведат антибиотици, ако дојде до развој на бактериска инфекција.

Во повеќето случаи, опоравувањето е брзо и без трајни последици.