дома Култура Ликовна уметност Изложба „Мал формат“ на ДЛУМ во КИЦ

Изложба „Мал формат“ на ДЛУМ во КИЦ

21

Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Културно информативниот центар КИЦ од Скопје, се домаќини на изложбата „Мал формат“ која ќе се отвори вечерва, 18 декември во 20 часот во салонот Империал 1 во Културно информативниот центар КИЦ во Скопје.  На изложбата ќе се претстават 48 автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија.

За изложбата „Мал формат“ од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, ќе се доделат три наградати од областа на сликарството, графиката и скулптурата, а од страна на Културно информативниот центар КИЦ  ќе се доделат исто така три награди насловени како  “Вангел Коџоман”, “Адем Кастрати” и “Константин Мазев-Коце”.

Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25цм претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка.

На изложбата учествуваат Ана Темкова, Александар Јанкуловски Цане,Емилија Божиновска, Кирил Гегоски, Марија Светиева, Филип Фидановски, Петра Јовановска, Симеон Арнаудов, Дијана Томиќ Радевска, Ангел Димовски Чауш, Маја Кировска и други.