Вечерва (петок) со почеток од 18 часот во Кинотека на Северна Македонија ќе биде отворена втората самостојна изложба на фотографот Коста Дупчинов насловена „Носталгија – втор дел“.

Изложбата на уметнички фотографии тематски е продолжение на првата изложба „Носталгија“ пред неколку години, а овој пат фокус на Дупчинов се старите занаети. Станува збор за 34 фотографии испечатени на фото платно. Изложбата е поддржана од Министерство за култура на Република Северна Македонија. А.Р.