Рускиот институт „Гамалеја“ одобри употребата на 550.000 вакцини „Спутник V“, кои беа произведени во Торлак, до 13 август.
Срскиот министер за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ рече дека Институтот „Гамалеја“ синоќа одобри употреба на вакцини од „Торлак“, кои, како што вели, се со ист квалитет како и вакцините произведени во Русија.
Тој објасни за РТС дека 18 параметри биле контролирани според највисоките светски стандарди и сите покажале одличен резултат, додавајќи дека биле контролирани 960 примероци според сите светски стандарди.
Поповиќ додаде дека вакцините се подготвени за употреба.
– Имаме 550.000 вакцини – 275.000 вакцини од компонента 1 и 275.000 вакцини од компонента 2, подготвени за употреба овде во Србија, со ознака произведено во Србија – рече Поповиќ.
Кога станува збор за извозот, тој вели дека одлуката за тоа ќе ја донесат Владата на Србија и претседателот Александар Вучиќ.
– Треба да се договориме со руските партнери, да добиеме одобрување од нив за извоз, за да не се случи и едните и другите да извезуваме на исти пазари. Но, сигурен сум дека за РС, Црна Гора, Северна Македонија, БиХ, за нашите соседи, овие вакцини сигурно ќе ги има во доволни количини – рече Поповиќ. А.Р.
