Д-р Фахем Јунус, шеф на Оддeлот за инфективни болести на Универзитетот во Мериленд, на Твитер сподели прашања кои мачат многумина за коронавирусот, но и заблуди што ги слушаме на дневна основа.

Целиот текст е пренесен овде:

Слушам многу митови за Ковид-19 и би сакал да објаснам за што станува збор – вели тој и продолжува да ги набројува митовите што најчесто ги слуша.

„Корона вирусот ќе исчезне во текот на летото“

-Тоа не е точно. Претходните епидемии не ги следеа шаблоните на годишни времиња, плус додека ние влегуваме во лето во јужната хемисфера ќе биде зима. Вирусот е глобален.

„Во лето вирусот побрзо ќе се шири заради комарците“

-Ниту ова не е точно. Инфекцијата се шири преку респираторни капки, а не преку крв. Комарците немаат никаква врска со тоа.

„Ако можете да го задржите здивот подолго од 10 секунди, тогаш немате КОВИД-19“

-Не е точно. Повеќето заболени од коронавирусот беа во можност да го задржат здивот многу подолго од 10 секунди. И многу постари лица кои немаат коронавирусот нема да можат да одговорат на овој предизвик.

„Бидејќи не се тестира секој за КОВИД-19, треба да донираме крв. Банката за крв ќе мораада го тестира“.

-Ниту еден институт за трансфузија или банка за крв нема да го стори тоа. Доброволно дарување на крв е свето. Ако го правите тоа, нека биде од вистинските причини.

„Коронавирусот живее во грлото. Значи, ако пиеме многу вода, вирусот ќе влезе во стомакот каде што ќе биде убиен од киселините.“

-Да, влегува во грлото, но продира во клетките на домаќинот. Не можете да го измиете. Од вишок вода само почесто ќе трчате во тоалетот, ништо друго.

„Социјалното дистанцирање е претерано. Ќе видите дека вирусот сигурно нема да направи премногу штета“

– Ако нема значително зголемување на инфекциите, тоа значи дека социјалното достанцирање било одлична одлука. Но, тоа не значи дека вирусот не бил сериозен.

„Автомобилите убиваат 30.000 луѓе годишно. Што е финтата со КОВИД-19 ?“

-Сообраќајните несреќи не се заразни, бројот на загинати во нив нема да се удвои на секои три дена и нема да предизвика масовна паника и пропаѓање на економијата.

„Геловите за дезинфекција врз основа на алкохол се поефикасни од миењето на рацете“

– Водата и сапунот, всушност, најдобро го отстрануваат вирусот од кожата (затоа што не може да навлезе во неа) и подобро ја отстрануваат видливата нечистотија од рацете. Затоа, не грижете се што геловите се распродадени.

„Една од најдобрите стратегии да се одбраниме против коронавирусот КОВИД-19 е постојано да ги дезинфицираме кваките на вратата“

-Неточно. Одржување растојание од 2 метри и редовно миење на рацете се најдобри практики. Освен ако немате пациент со КОВИД-19, домашните површини не треба да бидат голем проблем.

„КОВИД-19 е намерно пуштен од кинеска или американска лабораторија“

– Дали навистина го мислите тоа? – заклучува д-р Јунс во серијата свои твитови во кои разјаснува многу митови за оваа тема. А.Р.