Исланд, исто така, објави дека привремено ги прекинува своите билатерални контакти со Русија на највисоко ниво. Рејкјавик го повикал рускиот амбасадор претходно во понеделникот и го информирал за спроведените мерки.

“Сите најблиски сојузници и партнери на Исланд одлучија да преземат мерки против Русија по нападот во Солсбери, вклучувајќи ги нордиските земји, повеќето земји-членки на НАТО, како и неколку земји на ЕУ”, се вели во изјавата објавена на веб-страницата на Исланд владата, на која уште пишува:
“Меѓу мерките преземени од страна на Исланд е привременото одложување на сите билатерални дијалози на високо ниво со руските власти. Како резултат на тоа, лидерите од Исланд нема да присуствуваат на светското првенство ФИФА во Русија ова лето. ”

21-то Светско првенство во фудбал треба да се одржи во Русија од 14 јуни до 15 јули. Игрите ќе се одржат во Калининград, Казан, Москва, Нижњи Новгород, Ростов-на-Дон, Самара, Саранск, Сочи, Санкт Петербург, Волгоград и Екатеринбург.

Реакцијата на Исланд доаѓа откако 16-те земји-членки на ЕУ, други европски земји, САД и Канада во понеделникот објавија дека ќе ги протераат руските дипломати во врска со случајот Сергеј Скрипал. Западните земји ја обвинија Москва за труењето на 4 март на поранешниот двоен агент во Солсбери, Велика Британија. Русија негираше каква било улога во нападот и понуди целосна соработка во истрагата.