Светската здравствена организација објави дека синдромот на исцрпеност на работа ќе стане дијагноза следната година, и тоа практично значи дека поради заморот на работа, ќе може официјално да се оди на лекар и да се третирате како разболен.

Стресот на работното место е вклучен од СЗО во 11 -то издание на прирачникот за меѓународна класификација на болести, како професионален феномен. Договорот е земјите -членки на СЗО да започнат со примена на оваа одлука во здравствените установи од 1 јануари 2022 година, што значи нови, поголеми права за работниците.

Инаку, Северна Македонија е членка на Светската здравствена организација. Канцеларијата во Скопје е основана во јануари 1996 година и е полнопрвна члена на организација, што значи дека примената на оваа одлука за синдромот „исцрпеност“ на глобално ниво може да се очекува и кај нас.

Грешки, доцнење на работа, повлекување…

“Burnout” често се преведува како исцрпеност или исцрпеност на работа. Се јавува како одговор на прекумерниот и продолжен стрес што поединецот го трпи секојдневно на работа, и тоа е фаза која се карактеризира со ментална, физичка или општа исцрпеност.

Симптомите најчесто се исцрпеност, несоница, промена на апетитот, намален имунитет, главоболка, висок крвен притисок … Исто така, има чувство на празнина, нарушувања на концентрацијата, заборавеност, нервоза, преосетливост … На работа, ефикасноста се намалува и се зголемува бројот на работни грешки, и често зголемено отсуство од работа, одложувања на работа, повлекување, изолација од другите …

Луѓето немаат концентрација на работа, не можат да се вклучат во активности со семејството и пријателите, раздразливи се, имаат нарушувања во однесувањето и нарушен сон и апетит. Исто така, многумина немаат волја и енергија да работат, се им е бесмислено, а најтешките дијагнози секако се кај оние пациенти кои прибегнуваат кон алкохол и други психоактивни супстанции.

Експертите велат дека „горењето“ е проблем што стана пошироко распространет за време на пандемијата од вирусот корона, кога луѓето ја префрлија работата од канцеларии во своите домови. Потоа започнаа посериозните проблеми и исцрпеноста на работа стана се поизразена.

На работа, може да се „изгори“ дури и кога нема соодветни услови за работа, нееднаква распределба на работата, ниски плати, подолго работно време од 8 часа и чести работни викенди, што на вработениот му дава малку простор за семејството.

Со споменатите симптоми, денес можете да контактирате со лекар кој ќе ве третира како да страдате од било која друга болест. Меѓутоа, од 1 јануари, приказната добива пресврт бидејќи СЗО сега официјално препорача да не се игнорираат симптомите на исцрпеност на работа и дека ова е дијагноза што треба да се третира.

Како да се лекува?
Првиот чекор во третманот е психолог или невропсихијатар. На почетокот, луѓето не се свесни што се случува со нив, па затоа е многу важно најблиските членови на семејството да го свртат своето внимание кон ситуацијата во која се наоѓаат.

Ако лекарот утврди дека лицето има проблем на работа и станало вознемирено или депресивно, тогаш се вклучуваат и лекови во терапијата.

Од друга страна, автогената обука е многу ефикасна во лекувањето на напнатоста и стресот. Тоа е обука која се одвива во полутемна просторија и со целосна тишина и мир. Вежбата може да се изведе седејќи или лежејќи.

Подготви: А.Накова