Исчезнат е Александар Јошески од Прилеп, на кој му се губи трага на 21.02 околу 12 часот. Јошески последен пат бил виден кај автомеханичар “ЦУЦУЛО”, а потоа се упатил кон патот за Селце и од 12 часот му се губи секаква трага. Облечен е во тегет тренерки со бели траки, зелена јакна и црни патики.

Исчезнувањето е пријавено во полиција, семејството апелира за помош и информации, а профилот за исчезнатиот е објавен и на страницата „Најди ме“ за алармирање за исчезнати лица.

Секој кои има било каква информација може да се јави во најблиската полициска станица или на броевите 112 и 192, или на најблиските на 075/288585, 076/516751, 078/278873 и 078/415362.