Од ИЈЗ информираа дека во изминатите 24 часа потврдени се 196 нови случаи на Ковид-19, осум починати и 11 оздравени лица. Од новозаразените и понатаму најмногу се од Скопје, 90, а потоа од Тетово – 45 лица во текот на едно деноноќие, со што сатан трет  град со активни случаи на КОВИД19 -209 лица, по Скопје во каде има 1.124 и Куманово со 216 активни случаи.

Од оздравените пациенти четири се од Прилеп, три од Скопје, двајца од Штип, а по еден од Куманово и Велес.

Во текот на последното деноноќие починати се осум пациенти, четири од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.

-На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се седум нови, а вкупно хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 21 нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациенти. На респираторна машина се девет, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат четири пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 54 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19, посочуваат од Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 42.262 тестирања на ковид -19, а во текот на денешните резултати нема од тестирања во рамките на скринингот.

Н.Д.