Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон е позитивен на коронавирус. Веста доаѓа само неколку дена откако тој ја освои трката за Големата награда на Бахреин.

Седумкратниот светски шампион е во изолација и ќе го пропушти претстојното ГП на Сахир во Бахреин викендов, пренесува „Дејли меил“.

Во изјавата за Формула 1 се вели: „Тимот на ФИА, Формула 1 и Мерцедес потврдуваат дека за време на задолжителните тестови за ПЦР пред Гран При на Сахир, Луис Хамилтон е позитивен на КОВИД тестот“.

Ал.Н.