Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва и се обрати на нацијата и во 25 минутниот говор, меѓу другото им соопшти на Фрнацузите дека вонредната состојба останува на сила до 11 мај.

Вонредната состојба во Франција стапи на сила на 17 март и за прв пат беше продолжена две недели подоцна. Периодот што следува по 11 мај ќе забележи постепено олеснување на ограничувањата, рече Макрон, меѓутоа тие ќе продолжат во многу сфери на животот барем до почетокот на летото.

Во своето обраќање, францускиот претседател им оддаде почит на напорите направени од луѓето низ целата земја, но рече дека треба да се направи повеќе.

Мерките кои Макрон ги спомена во неговор обраќање се однесуваат на тоа дека од  понеделник, 11 мај, градинките, основните и средните училишта постепено ќе се отвораат, но високото образование нема да започне пред летото
Ресторани, кафулиња, хотели, кина и други рекреативни активности ќе останат затворени и по 11 мај и нема да има летни фестивали „до средината на јули“
Од 11 мај, Франција ќе може да го тестира секој што ќе покаже симптоми на СОВИД-19

Обраќањето на Макрон се појави во услови на загриженост за снабдувањето со медицинска опрема, како и за социјалните и економските последици од пандемијата во Франција, но тој не успеа да им вети повеќе на своите сограѓани. Исто така не се обистинија и претпоставките дека ќе најави целосно затворање на границите на ЕУ до септември, иако тој и во оваа прилика најави дека тоа е една од  можните мерки за заштита од ширењето на вирусот.

Најновите бројки покажуваат дека од вирусот починаа 14.967 луѓе во Франција, вклучувајќи повеќе од 9000 во болниците и домовите за стари лица. Веќе петти ден, бројот на пациенти во интензивна нега почнува да се намалува.

Франција има најостри ограничувања во  движењето во однос на другите држави од Европа. Луѓето можат да ги напуштат своите домови само за да патуваат до и од работа, освен ако тоа не може да ги прават од дома, да купат основни резерви на храна и лекови, да им помагаат на другите кои имаат потреба или да направат кратко вежбање.

Н.Д.