дома Живот Социјална политика И јас сум Дедо Мраз – новогодишна хуманитарна кампања

И јас сум Дедо Мраз – новогодишна хуманитарна кампања

77

Со проектот „И јас сум Дедо Мраз“, здружението „Проект Среќа“ има за цел преку новогодишна кампања да обезбеди голем број на новогодишни подароци за децата кои живеат во сиромаштија. Како изненадување, подароците во нивните домови ќе им ги донесе лично Дедо Мраз.

„ Целта ни е што повеќе луѓе, особено јавни личности кои имаат голем број следбеници  на социјалните мрежи да се приклучат кон оваа кампања, да ја промовираат и да станат дел од неа. Ги поканивме нашите пријатели од јавниот живот од 1 до 10 декември, да купат новогодишен подарок или онолку колку што можат подароци, за деца до 11 години. Ги замоливме подароците убаво да се завиткани, и на нив да стои за која возраст е и од кој пол е детето. Потоа, фотографии од подароците да се објават на социјалните мрежи со хаштаг #ијассумдедомраз #проектсреќа. На тој начин, јавните личности ќе ги мотивираат сите граѓани, но и компаниите и институциите да го сторат истото. Важно е кај сите да се разбуди алтруизмот и хуманоста, токму за Нова година, кога тие деца и луѓе кои немаат, се чуствуваат отфрлено“, изјави Кристина Арнаудова, основач на здруженито „Проект Среќа.“

Подароците се донираат до 18 декември, во канцелариите на Здружението, на улица „Христо Смирненски“ бр. 4/5, близу до Универзалната сала. За сите информации, обратете се кај координаторот на проектот Благица Ристов, на 078-405-264. 

Од 20 до 27 декември Дедо Мраз ќе ги посети децата во нивните домови , а на списокот има повеќе од 200 дечиња. Потврдата за учество во проектот „И јас сум Дедо Мраз“ веќе ја  одобрија повеќе наши јавни личности: пејачи, актери, спортисти, политичари ,велат од Здружението.

i jas sum dedo mraz 1