дома Живот Здравје Каков леб треба да јадеме?

Каков леб треба да јадеме?

Во речиси секој леб постојат овие три ознаки - E282, E466, E200. Неопходно е да знаете што значат и зошто треба да се избегнуваат...

174

Лебот го нарекуваме основна храна без која речиси и да не се може, а катадневно сме соочени со бесконечна палета на различни видови на леб. Некои оправдано се нарекуваат здрави, а некои всушност не мамам со изгледот и вкусот, а не се воопшто здрави. Еве како да ги разликуваме.

Надградбата на прехранбената индустрија разви широк спектар на производи врз основа на житарки, но големо е прашањето до кој степен тие преработени производи се во согласност со човековите потреби. Прво, треба да се знае дека лебот може да се направи од голем број житни култури. За да може лебот да се декларира како пченичен, неопходно е 90% од употребеното брашно да е пченица. ‘Ржаниот леб треба да биде минимум со 70%’ ржано брашно, пченкарен леб најмалку 60% пченкарно брашно, додека лебот од хељда мора да содржи минимум 30% брашно  од хељда.

Сепак, леб што најчесто се наоѓа во потрошувачките кошници е лебот со продолжен рок на траење. Но, не смееме да заборавиме дека токму лебот со продолжено траење во својот состав може да има многу адитиви кои имаат негативно влијание врз здравјето на луѓето. Само ќе спомнеме некои кои предизвикуваат одредени реакции на организмот:

– E282 – влијае на анксиозност, несоница, раздразливост;

– E466 – Повисоки концентрации предизвикуваат проблеми со цревата (подуеност, запек);

– Е200 – повисоки концентрации предизвикуваат дијареа;

– Дифосфатите и киселите карбонати, кои функционираат како стабилизатор на производот, исто така може негативно да влијаат врз телото.

Ова се некои од најпроблематичните Е тагови, кои производителите смело ги ставаат, а купувачите многу малку знаат  за нивното значење.

фото: Профимедиа

Како да изберете здрав леб?

Ако го занемариме присуството на влакна и сол, “вистински леб” е оној кој првенствено ја задоволува човечката потреба за протеини (обрнете внимание на вредноста на% RDI за протеините во хранливата маса), а потоа за јаглените хидрати. Таквиот леб мора да биде интегрален. Најважно е – брашното да е од здраво, цело жито, односно најбезбедно е едноставно сами да месите леб од добро интегрално брашно, цели зрна и семиња.

350 г квалитетен леб е  за 3/4 оброци. Обидете се со различни  рецепти, организмот на крајот ќе избере и ќе го побара она што е најпривлечно или она што му недостасува. Никогаш не заборавајте дека свежите „живи“ житни зрна секогаш се поздрави од месестите и печените.