дома Наше Бебе Како се развива видот кај бебето во текот на неколку месеци?

Како се развива видот кај бебето во текот на неколку месеци?

За разлика од чувство на слух, кој кај бебето целосно се формира до возраст од еден месец, видот се развива постепено и бавно

465

За разлика од чувството на слух, кој кај бебето целосно се формира до возраст од еден месец, видот се развива постепено и бавно. Вашето дете ќе може да гледа како возрасен а возраст дури од седум месеци. Новороденчето се раѓа со формирано сетило за вид, но неговиот мозок не е доволно “зрел” за анализа на сликата или да испрати пораки до окота за она што го гледа. Како што се развива мозокот, исто така се подобрува видот на бебето.

Првите две недели
Бебето може да го види само она што е пред неговиот нос, неколку сантиметри од него. Значи тоа може да го регистрира лицето на мајкаму кога е во нејзини раце и кога ќе му се приближи до лицето. Препознава светлина, форми и движења, но сликата се уште е замаглена и нејасна.

Еден месец
На оваа возраст бебето се уште не може координирано да ги користи двете очи, па затоа често се случува, секое око “да води својата политика.” Повеќето родители се плашат и мислат дека нивното бебе е разроко, но тоа е сосема нормална појава. До крајот на првиот месец или средината на следниот очите на бебето ќе успеат да “се договорат” со мозокот и ќе бидат во можност да го насочи погледот кон одреден предмет со двете очи.

Два месеци
Бебето ги препознава боите од раѓање, но само контрастните (црна, бела, жолто-сина). Со текот на времето, “соработка” меѓу очите и мозокот се подобрува, па така бебето започнува да прави разлика, дури и кај боите со слични тонови (како на пример портокал и црвена). Во оваа возраст се препорачува да се вежба:да му се покажуваат на бебето играчки и светло обоени слики, да му се зборува и да му се пее за играчката, а тоа им помага да ги развијат сетилата за вид и чувството за слух.

Три до четири месеци
Бебето почнува да посега по предметите, иако сè уште не успева да ги фати, бидејќи не може да одговари на движењата на рацете. Само полека, на оваа возраст, се прават интензивни прилагодувања на движењата на очите со движењата на рацете, па наскоро ќе „пукаат“ среќа кога ќе ја фатат играчката. Помогнете им играјќи со него: понудете му играчка во жива боја и чекајте да ја фати. Ќе забележите дека бебето почнува да зграпчува сè што паѓа под неговата рака, а најчесто “страда” косата на мама, очилата или обетките. Сето ова значи дека напредува координацијата помеѓу мозокот, очите и движењето на рацете.

baby_eyes

Пет месеци
До сега се обидуваше да фати само големи предмети, но сега почнува да ги забележува и оние пофините. Покрај тоа, идентификува предмети што ги видело порано (се радува кога ќе ја забележи омилената играчка!). Ова е знак дека мозокот се “разгорел” во развој, што се рефлектира во подобрување на видот на бебето. Тоа сега знае дека постојат објекти кои му се надвор од видното поле. Затоа, децата на оваа возраст ја сакаат играта “Каде е бебето?”: Мајката става крпа на неговото лице, бебето ја трга и се радува откако повторно ќе ја види мајка си.

Шест до седум месеци
Видот на бебето се развива до таа мера што сега јасно гледа луѓе и предмети во неговата околина, но не на голема далечина. Бидејќи неговиот свет е преполн со настани што се случуваат во негова непосредна близина, оваа вештина не му е потребна. Тоа постепено ќе се развива, а на возраст од првиот роденден, вашето дете ќе може да го препознае таткото кога доаѓа од работа дури и на растојание од неколку десетици метри.