дома Живот Здравје Како треба да изгледа појадокот кога сте на диета

Како треба да изгледа појадокот кога сте на диета

Ако сакате да се ослободите од вишокот килограми, еве каков појадок препорачуваат нутриционистите.

238

Сакате да изгубите килограми? Тогаш мора да јадете здраво. Тоа значи, меѓу другото, дека не смеете да прескокнувате оброци, особено не појадокот.

Еве што препорачува нутриционистот Лесли Лангевин, „во калории“, но и во конкретни количини и видови намирници.

Идеалниот појадок треба да содржи помеѓу 300 и 400 калории. 10 до 15 грама здрави масти, 30 до 55 грама јаглехидрати, најмалку 6 грама влакна, не повеќе од 36 грама шеќер и помеѓу 12 и 20 грама протеини.

Еве како изгледа тоа „во храна“:

Овесни снегулки

-20 грама овесни снегулки потопени во вода или чај
-10 сецкани сирови бадеми
-лажица јаворов сируп
-четвртина банана

Овој појадок има околу 360 калории, 14 грама масти, 51 грам јаглехидрати, 7 грама влакна, 18 грама шеќер и 11 грама протеини.

Јајца и тост

-кајгана од две цели јајца
-шолја спанаќ
-лажица ситно сецкан кромид
-половина лажица маслиново масло
-парче тостиран леб од интегрални житарки
-половина чаша бобинки (малини, боровинки)

Овој појадок, исто така, има околу 360 калории, 19 грама масти, 33 грама јаглехидрати, 6 грама влакна, 10 грама шеќер и 20 грама протеини.