Овој викенд, во сабота, 30 јуни по 17-ти пат ќе се одржи фестивалот „КАНЕО ФЕСТ“. Оваа година локацијата на одржување ќе биде на новиот мини плоштад до ТЦ „Амам“(наспроти Македонска пошта) со почеток во 20 часот.

Во една фестивалска вечер, овојпат ќе бидат изведени над 20 новосоздадени македонски песни во правецот на поп и фолк музиката.

Фестивалот е во организација на Телевизија Морис, а е поддржан од Општина Охрид.

Специјални гости во ревијалниот дел на фестивалот ќе бидат Охридската група „Камелеон“, како и доаенот на македонската народна песна Наум Бурназ.