Валентина Ѓоргиевска Парго
Скромна, вредна, наградувана. Живее и твори во Буково, работи во Битола. Уметноста ја дефинира како Љубов. Со Љубов слика, но и подарува. Докажана во областа на цртежите и карикатурите. Кај нас и пошироко.
*Вие сте млада сликарка од село Буково. Кажете ни нешто за себе, од кога сликате, какви мотиви, колку слики имате?

* Неодамна еден убав гест од ваша страна осамна на фб, ги подаривте сликите на Месната заедница. Од каде ви дојде оваа идеја? Како беше прифатена?

*Пред некоја година станавте добитничка и на награда на “Битолски весник”. Раскажете ни за тоа.
-Бев предложена од мои почитувачи кои го ценат моето сликарство за манифестацијата “Најуспешни Битолчани” и потоа ми беше доделена таа награда. Ме израдува што токму од мојот Град Битола добивам награда, често добивав од други места од светот, ама кога ќе добиеме од кај нас некако на сите нас ни се драги тие награди.
*Имате ли свои изложби, каде ги изложувате своите слики?

*Што сликате во моментов?
-Во моментов цртам за конкурси за фестивали на карикатура од каде добивам покани за да учестувам.
*Кој ви е идол од областа на уметноста и сликарството?

* Каков е животот во Буково? Што се случува, што ве инспирира? Сега е подобро да се живее в село…
-Во Буково е добро, имаме прекрасна природа и секојдневно ме инспирира и тоа. Јас сакам да сум тука да живеам и создавам, оттука и да се радувам. За моја среќа работам како градинарка во детската градинка “Пролет” при детската установа ” Естреја Овадија Мара” Битола и сето тоа секојдневно ме инспирира и радува .
-Немам посебни планови, се доаѓа така ненадејно и оставам да биде така, да си тече животот полека. Благодарение на моите блиски лица кои се секојдневно со мене и покрај мене јас уште повеќе имам мотивација и инспирација за да посветам на ликовната уметност со уште поголем залет. Благодарение и на тоа што имам и прекрасна директорка, Лидија Тфирст Митревска, која ми го осветлува патот, по кој што одам, а тоа ме радува и ми дава сила за да создавам и творам уште повеќе.
