дома Политика Свет Ким ја откажува средбата со Трамп, Белата куќа проверува

Ким ја откажува средбата со Трамп, Белата куќа проверува

22

Јужнокорејски медиуми објавија дека Северна Кореја ги откажала планираната разговори на високо ниво со јужниот сосед, а Белата куќа соопшти дека ја проверува информацијата. Спорни се новите воени вежби на САД.

„САД ќе испита без оглед на она што Северна Кореја соопшти и ќе ја продолжи блиската соработка со нашите сојузници“, изјави портпаролот на Белата куќа Сара Сандерс, пренесе „Ројтерс“.

Северна Кореја во вторникот соопшти дека морала да ги откаже разговорите со Јужна Кореја на највисоко ниво, бидејќи се одржани воени вежби во Јужна Кореја и САД, и се закани дека поради тие вежби ќе го откаже самитот со САД. Стејт департментот соопшти дека нема информации дека Пјонгјанг сака да го откаже планираниот самит на САД и Северна Кореја, каде треба да се сретнат лидерите на двете земји, Доналд Трамп и Ким Јонг-ун.

Пентагон соопшти дека воената вежба со Јужна Кореја е рутинска и исклучиво од одбранбена природа, откако поради оваа вежба Пјонгјанг го откажа планираниот состанок на високо ниво со северниот сосед.

Полковникот Роб Менинг рече дека целта на вежбата е да се подобри способноста на САД и Јужна Кореја да дејствуваат заедно, објави АП. Вежбата започна во понеделникот и се планира да трае до 25-ти мај. Менинг додаде дека ова е годишна вежба и дека нејзиниот одбранбен карактер е јасен со децении и не се променил.