Ѕвездата на годинашниов фестивал, Калудија Кардинале и нејзината екипа, синоќа го посетија Охрид. Таа беше воодушевена од охридските бисери, природата и охридските цркви.

Директорката на ИФФК Браќа Манаки јавно се заблагодари на Завод и музеи Охрид и на директорката Елеонора Новаковска за тоа што овозмжи на светски познатата филмска дива Клаудија Кардинале и високите гости на фестивалот да се запознаат со културното богатство на Македонија. Гостите го посетија Охрид во понеделникот и иако беше неработен ден, директоркоата Новаковска овозможи тие сепак да ги видат вредните експонати на културното богатство на Македонија.

Утрово во Центарот за култура во Битола беше живо и исполнето со детски џагор, конечно дојде и најмладата публика, бидејќи почна детската програма.

Во тек е и студентската програма, на фестивалот се присутни 30 студенти од 15 академии од регионот.

Утре на програмата на Фестивалот е вториот ден од Балканската конференција ИМАГО, како и средба со Саид Олуд Келифа и Домикик Бакс кои ќе говорат за филмските фестивали и филмската критика.