дома Живот Животна средина Климатските промени ќе го сменат текот на животот

Климатските промени ќе го сменат текот на животот

67
Од нашиот спеицјален известувач од Бон, НАТАША ДОКОВСКА СПИРОВСКА
Од нашиот специјален известувач од Бон, НАТАША ДОКОВСКА СПИРОВСКА

Познато е како влијае глобалното затоплување на природата, а една група од 100 експерти кои минатата година започнаа истражување за тоа кои се последиците од глобалното затоплување врз човековото здравје, оваа година на COP 23 ги презентираат резултатите од нивното истражување.

Според него, до 2030 година, времето кое беше детерминирано во нивното истражување, се очекува дека ќе има повеќе мртви поради високите температури и ова првенствено се однесува на граѓаните од „третите земји“, односно онаму каде што топлината и студот се прашања на животот и смртта. Сепак, експертите подвлекуваат дека и жителите на развиените земји кои поголемиот дел од времето го поминуваат во климатизирани простории нема да биде поштедени.

Недостатокот на вода, и пред се безбедната вода се исто така една од причините за појава на болести кои директно ќе влијаат на здравјето на луѓето. Експертите предвидуваат дека водата од водоводни системи ќе станува се понебезбедна – поради топењето на глечерите ќе има повеќе вода која поради спорото испарување ќе ги собира загадувачите од животната средина кои ќе го загрозуваат водоснабдувањето и ќе испорачуваат небезбедна вода.

Поради промената на температурите се смета дека се повеќе болести ќе ги пренесуваат комарците. Имено, повисоките температури ќе ја продолжат „сезоната на комарците и крлежите”, кои се носители на Жика вирусот и Лајмската болест, а кои дирекно ги напаѓаат луѓето.

Експертите најавуваат дека во наредниот период, односно до 2030 ќе имаме и подолга сезона на алергии. Тие објаснуваат дека зголемувањето на јаглерод диоксид во воздухот предизвикува пораст на алергени, со кои се предизвикува кивање, појава на  водени очи и други симптоми на алергии.

contaminated food

Во резултатите кои ги објавија пред учесниците на овогодинешниот самит за намалување на климатските  промени имаат и неколку податоци кои се однесуваат на храната. Според нив, зеленчукот станува се посиромашен со хранливи материи. Како резултат на климатските промени земјоделците ќе мора да се прилагодат на различни одгледување на овошје и зеленчук, но вистински проблем е што поради повисоките нивоа на јаглерод диоксид ќе се намали вредноста на хранливите материи во градинарските култури. Ќе има и поголем ризик од контаминирана храна – зголемување на температурите и екстремните временски услови, како што се поплави и суши, ќе и овозможи на храната да дојде во контакт со патогени и да предизвика здравствени ризици.

Во наредниот период експертите предвидуваат појава и на повеќе ментални болести – климатските промени ќе предизвикаат екстремни временски настани како што се ураганите и силното невреме и поплави кои можат да предизвикаат несигурност и луѓето да страдаат од губење на најблиските или домовите.

Резултатите од истражувањата и се претставени на јавноста, сега останува на потег медицинската елита да даде свои предлози за менаџирање со кризата во временски непогоди, а како резултат на климатските промени. Колку ќе успее во тоа останува да видиме, иако прогнозите се се попесимистички од било кога.