дома Политика Свет Конечно уапсен осомничениот бомбаш од Остин?

Конечно уапсен осомничениот бомбаш од Остин?

30

Полицијата и ФБИ го уапсија осомничениот за серијата експлозии во американскиот град Остин, кој се наоѓа во сојузната држава Тексас. Локалните медиуми објавија дека осомничениот активирал експлозивна направа за време на апсењето, а се слушнале и истрели.

Во Остин во изминатите неколку дена имаше четири мистериозни експлозии во кои имаше жртви и повредени. Петтата, која е поврзана со овој случај, се случи вчера кога експлодираше пакет во Федекс, иако во друг град, но беше адресиран до Остин. Жителите на Остин локалниот шериф ги предупреди да останат во домовите, додека квартот што беше цел на нападот не биде обезбеден.

Шаблонот на напади бил таков што картонските пакети биле оставани директно на луѓе, пред куќите, а експлозивот бил направен од делови што може да се купат во продавниците за техника. На случајот пакет-бомби, покрај локалната полиција, работат и експерти од ФБИ и Агенцијата за алкохол, тутун и огнено оружје (ATF).

Исто така беше објавено дека наградата за информации што ќе доведат до апсење на бомбашот е зголемена на 115.000 долари.