дома Култура Mузика, Опера, Балет Концертот „Нинг Фенг се враќа“ повторно го носи врвниот кинески виолинист

Концертот „Нинг Фенг се враќа“ повторно го носи врвниот кинески виолинист

30

Овој четврток, на 17 мај во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи симфонискиот концерт „Нинг Фенг се враќа“, на кој, како што кажува насловот, ќе настапи виртуозот на виолината, кинескиот уметник Нинг Фенг, кој минатата година ја маѓепса македонската публика.

Овој пат, еден од водечките виолинисти денес, Нинг Фенг, се враќа на нашата сцена со изведба на виртуозното и прекрасно дело за виолина – „Шпанска симфонија“ од Едуард Лало.

Концертот ќе се одржи под диригентската палка на маестро Јерухам Шаровски од Израел, а на програмата е и Првата симфонија од Јоханес Брамс, насловена „Патетична“, една од најкомплексните симфонии во класичната музичка литература.