Во рамки на Скопско лето вечерва, 19 јули, ќе се одржи концерт на Трио Јонген (Хрватска) во Музеј на македонската борба со почеток во 20:30 часот. Изведувачи на концертот се Рената Пенезиќ – флејта, Жарко Перишиќ – фагот и Марина Матолиќ – пијано.

Трио Јонген го сочинуваат: Рената Пенезиќ – флејта, Жарко Перишиќ – фагот  и Марина Матолиќ – пијано. Триото е единствениот ансамбл на овие простори кој го негува транспарентното филигранско разиграно свирење музика во вистинскиот дух на француската школа за дувачки инструменти. Виртуози на своите инструменти, солисти во оркестри и професори на Музичката академија во Загреб ги соединија вештините и љубовта кон заемното свирење музика со цел да ѝ го претстават на публиката овој интересен спој на инструментите и боите.

Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, а влезот ќе се регулира со билети по цена од 200 денари кои ќе може да се купат пред почетокот на концертот на влезот на Музејот.

Утре, вторник, 20 јули во 20:00 часот во Изложбениот салон на Културно информативниот центар ќе се отвори изложба на фотографии на Сашо Алушевски под наслов „Портрети на уметници“. Изложбата ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани.

Во среда, 21 јули ќе се одржи концерт насловен „КИНИСА МОМЕ НА ВОДА” на етно составот „МОНИСТРА” со почеток во 20:30 часот на Факултетот за ликовни уметности – објектот Сули ан. Учествуваат:  Габриела Јанушевска – вокал, Александар Јовевски – кавал, тамбура, гајда, тапан, Јован Стрезовски – тамбура, Филип Николовски – тамбура, Дарко Ничевски – клавијатури, Марјан Андоновски – тапан, тарабука, перкусии, Дамјан Зифовски – ударни инструменти, перкусии.

Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, а влезот ќе се регулира со билети по цена од 200 денари кои ќе може да се купат пред почетокот на концертот на влезот на објектот Сули ан. А.Р.