дома Насловна Копров ќе пее на Макфест!!!

Копров ќе пее на Макфест!!!

178

Најпознатиот македонски музички поп фестивал “Макфест” , годинава за прв пат ќе се одржи на отворено, на градскиот плоштад „Слобода” Штип, во две фестивалски вечери на 18 и 19 септември. Првата вечер е ревијална со изведба на старите хитови. Во втората се 24 нови песни, во изведба на македонски пејачи Ѓоко Танески, Биба Додева, Димитар Андоновски, Виктор Апостоловски, Александар и Дац, “Нокаут”, Пепа и други. Мтв ќе врши пренос двете вечери.

А, она што се најавува како овогодишна атракција на „Макфест“ е информацијата дека авторот Глигор Копров ќе запее на “Макфест 2020”. Неговото учество е акажано за втората вечер, на 19 септември, на плоштадот во Штип. Тој ќе пее своја композиција, “Ако вечерва пуштиш солза”, а како текстописец е потпишан Слободан Стојанов.

Само колку за потсетување, Копров тој најпрво почнал со пеење а потоа се префрлил само на компонирање. Негови хитови се “Шила”, “Не допирај ме”, “Љуби ме и главата горе”, “Лидуду”, “Не зори зоро”, “Твоето писмо моја библија”, “Еден бакнеж”, и многу други. Напишал бројни евергрини и во поп и во фолк естрадата. Основач и директор е и на музичкиот фестивал “Охрид фест”.

В.Г. Парго