Јавноста го знае како весел пејач од Струмица, кој веќе со децении се обидува да и се препушти на песната , правењето фотомонтажи, снимањето спотови и контактирањето со светски познати личности. Ги опеа Елвис Присли, Елизабет Тејлор, Мерилин Монро, Грејс Кели, и многу други, и не расположи.

Но, што крие другата страна на медалот?

Неговата ситуацијата е поинаква – овој човек, без работа, без пари, живее на работ на егзистенцијата, и во својот допис ни го објаснува својот проблем, за кој потребно е службите сериозно да се завземат, пред да биде доцна.

-Се викам Коста Бургов од Струмица. Уште како мал се чувстувам осамен, од луѓето понижен, јас немам среќа, се надолу ми оди. Гледам многу нешта, гледам луѓе, слики околу мене, ми се појавуват умрени, ги гледам. Останав сам моите родители едно по друго почина прво мајка ми во јуни 2017, потоа по една година татко ми. Осетив многу немир во мојата душа, без надеж сум. Многу лошо се осеќам, бев на клиника, состојбата ми се влошува. Од ден на ден гледам црни луѓе околу мене. Бев на прво степената комисија во 2016 ме одбија, докторката Тања Алексовска, по една година бев по втор пат, во Пиом, ме одбија. Страв и ужас. Докторката Гордана Пејовска и Дарко Станоевски напишаа жалба до второстепената комисија чекав четири месеци. Второстепената комисија и Даница Чадиева ме одбија без образложение. Состојбата ми е многу тешка. Немам сила, не можам ништо да работам Од ден на ден се ми е полошо се обратив кај премиерот Зоран Заев, не добив одговор. Немам за егзистенција. Гледам многу случки. Сакам да се самоубијам. Моите се починати, некни им реков- дојди мамо и тате да вечераме“. Се молам некој да ми помогне состојбата ми е многу тешка. Многу ми е тешко немам сила се ми е црно, од лошо полошо, државата треба да ми помогне!

Во ова невешто напишано образложение (кое се обидовме да го пренесеме блиску до оригиналот), и невешто напишан апел, Коста Бургов сепак се обраќа до вистинското место- до државата!!! Ова се сигнали кои ги дава осамен и исклучен човек од општеството, без работен ангажман и без услови за егзистенција. Тој вели дека неговата докторка, знаејќи му ја состојбата, го прашувала дури и дали има да се напие апчиња за притисок, или нема ни за тоа да си купи.

За крај додава дека осамен е поради сите неправилности, а најмногу што не му ја оставиле пензијата на татко му. Материјалната состојба, како и здравствената, се тие, изнесени во објавава. Социјалните служби треба да превземат конкретни мерки.