Џенифер Анистон и Бред Пит се „возбудени“ пред престојниот одмор во Мексико и „квалитетно време“ што планираат да го поминуваат заедно, пишуваат странските медиуми по откривањето на планот дека некогашните сопружници заминуваат на заеднички одмор во Мексико, од каде планираат да посвојат девојче.

Анистон преживеа една од најпознатите публикувани раскинувања на славната романса, откако Бред Пит ја напушти актерката на „Пријатели“ и започна живот со Анџелина Џоли. Со текот на годините, Џенифер и Бред преживеаја други романси и раскинувања. Актерот со Џоли стана татко на шест деца, меѓу кои и Маддокс, Пакс, Захара, Вивиен, Нокс и Шило Џоли-Пит, a Анистон се омажи и разведе.

Но, некако, Анистон и Пит никогаш не се скара меѓусебно, ниту си кажаа лош збор.

Сега, во пресрет на повторното обединување на Џенифер и Бред, почнаа да се плетат низа шпекулации за нивниот наводно нов, заеднички живот, а се рашири и веста дека Анистон и Пит планираат тајно  да ја прослават неодамнешната победа на Оскарите, па и тоа дека планираат да го обноват заветите.

Бред неодамна го доби  Оскарот за улогата во „Once Upon A Time“ во Холивуд. Иако Џенифер не го чекаше зад сцената да се радуваат заедно, таа, наводно, се согласила на поинаков (и многу повеќе приватен) начин двајцата да ја прослават неговата победа.

Поранешните сопружници се решени да заминат на заеднички одмор, како што изјавиле инсајдерите за магазинот Хит. Откако Бред да го освои Оскарот, Пит и Анистон се подготвени да слават приватно.

Еден од изворите откри дека Џенифер и Бред имале блиска средба од неколку минути  после забавата на „Оскарите“ во еден лускузен хотел во Л.А.

„Ова е единственото место надвор од нивните домови каде може да им се гарантира анонимност бидејќи гостите се принудени да ги оставаат телефоните при пристигнувањето.“

Бред Пит и Џенифер Анистон се подготвени за одмор во Мексико?

Покрај тоа, двајцата планираат одмор во ​​Кабо во Мексико – каде можат да се сончаат и да уживаат во раскошни вечери, додаде изворот.

И, како што  пренесуваат странските магазини, наводно, Џенифер и Бред  се „возбудени што ќе поминуваат заедно време сега, откако сезоната на лудило по наградите заврши, и се чувствуваат толку среќно што Бред се врати како главна везда на Холивуд“.

Иако Анистон не беше видена во публиката кога Пит го освои Оскарот, тоа не значи дека таа ја игнорирала оваа пригода, според еден од инсајдерите.

„Таа ги гледаше Оскарите на приватна забава и зрачеше со гордост кога тој победи“, рече изворот.