Кој разбра колку деца може да се запишат во градинка и што со нивните родители, нека јави!!!

2398

Пишува: Наташа Доковска

Денеска, како и вчера, министрите кои најмногу се „бараат“ во моментов,  Филипче, Цароска, а од сега и Шахпаска издефилираа на прес конфеернција, ама ништо не кажаа од тоа што родителите очекуваа!

Ама, баш ништо, ако некој ,пак, разбра нека објасни!

Еве, денеска наставниците и од погорните одделение, оние од 4 – 9 бараат од родителите да се изјаснаат за каква настава се! Нели пред некој ден се донесе Одлука, дека децата од 1-3 одделение ќе имаат можност да бираат за физичка или онлајн настава, и тоа безусловно, а оние од 4-9 одат на онлајн настава. Или, сега тоа не важи! Или, пак, ни наставниците не знаат што да прават, ни како да постапуваат, па во оваа рашомонијада прави кој како сака! Вчера, читам, во некое ОУ во Битола директорката барала од родителите да поднесат белешка од доктор дека детето, мислам на оние од 1-3 одделение, е спречено да посетува физичка настава?!

И, ништо! Ниту реакција, ниту казна за директорката! Или, пак, преќутно и е кажано дека треба да ги убеди родителите за физичка настава, оти нели интенцијата е да се оди во училиште!

Денеска, по најавата од пред некој ден дека градинките ќе се отворат, прес одржа и ресорната министерка која заедно со колегата и Филипче ги објаснија протоколите, но не објаснија што со децата кои не успаа да се запишат во градинка. И, не дадоа одговор што со родителите на тие деца…Демек времените мерки додека важат може да седат дома! Но, што значи тоа?! Продолжено е породилното? До кога? Ако не е, повторно кој ќе ги запише и каде нивните деца? И, што со оние родители чии деца чекаа да бидат запишани во градинка пред корона пандемијата, но не успеаа. Во меѓувреме се случи пандемијата, па останаа дома, но сега со отворањето на градинките  работодавачите им велат да се вратат на работа! А, државата иако најави, се уште молчи што ќе прави со тие родители!

Денеска со изјава сите ги збуни министерската Шахпаска. Замислете, во градинките и покрај тоа што со протоколите е намален бројот на деца кои може да ги посетуваат, има слободни места. Според новата министерка за труд и социјала градинките имаат капацитет да згрижат 19 000 деца, а интерес за згрижување покажале родители на 14 555 деца. Кој тоа басни ни кажува?! Каде се децата, ги снема! Што со оние деца од најмалите групи, јаслите, кои патем според новите протоколи ќе можат да бидат само по 6 во група, а до сега беа и до 15 дечиња. Знае ли министерката дека од корона вирусот наваму ниту едно дете не е запишано во јасли! Едноставно градинките не ги запишуваа! И , знае ли дека во Скопје барем се чекаше со месеци, доителите плакаа по неколку месеци само да зачуваат место за да од одреден емсец детето им тргне во градинка?! Сега, наеднаш, места на претек!

Доколку не знае, добро ќе е некој да и каже, ака пак ако знае тогаш редно е да излезе и на родителите да им каже што со нивните деца. Изјавата дека продолжува мерката на еден родител до 10 години да остане дома со децата, ништо не значи за родителите, особено што оваа мерка уште во јули е укината! Не знаат дали тие што се на продолжено породилно ќе им се продолжи уште, оние што имаат деца ученици не знаат кој ќе им дава плата, бидејќи работодавачите не прифаќаат уште да даваат плата за „седење дома“, а Владата пак, оваа Одлука ја направи само за вработените во јавните институции и истата ја укина на дне два пред избори, а за приватниот сектор тоа е само препорака…Непознаници во недоглед, а одговори се уште нема! До кога, и тоа никој не кажува!

Ако има некој што разбра колку деца може да се запишат во градинка и што со нивните родители, нека јави!!! А, нека напише некој ако разбра и како поголемите, оние од 4-9 одделение ќе ја следат наставата! И, нека им јави и на министрите, бидејќи и тие или не знаат, или немаат контрола на ситуацијата, па секој прави како што си сака!