Третата фаза од операцијата за спасување на останатите четири момчиња и нивниот тренер од пештерата во северниот дел на Тајланд започна утринава, а според извештаите на медиумите, тие се извлечени од пештерата.
По неколкудневната борба, 12 момчиња и тренерот на тимот беа извадени од пештерата.
Утрово, шефот на мисијата за спасување во Тајланд изјави дека 19 нуркачи влегле во пештерата за да ги спасат останатите момчиња и тренерот заробени од 23 јуни.
Тој посочи дека, ако се оди според планот, сите ќе бидат извлечени во текот на денот.
Во вчерашната акција за спасување од пештерата во Тајланд беа извлечени четири момчиња, колку и претходниот ден, потврдија претставниците на тајландската морнарица.