дома Наше Бебе Крвниот притисок го предвидува полот на детето пред бременоста

Крвниот притисок го предвидува полот на детето пред бременоста

Новите откритија на канадскиот тим на научници покажуваат дека е можно пред бременоста да предвидат кои жени би можеле да родат девојче, а кои момче...

108

 

Крвниот притисок на жената пред да остане бремена може да биде добар водич за тоа дали ќе роди девојче или момче, објавија научниците од болницата Mount Sinai во Торонто. Досега, имало многу стари народни верувања и обиди од страна на експерти за да го потврдат ова, но никој сè уште не најде основа во науката. Жените со висок притисок имаат поголема веројатност да имаат момчиња, а оние со понизок девојчиња.
Шансите дека една жена со висок притисок ќе роди момче се 45 проценти повеќе отколку кај жените со понизок притисок, пишува Sun.
“Зошто притисокот влијае на полот на бебето е многу интригантно и ќе се обидеме да ја откриеме причината затоа што полот е определен во спермата, во зависност од тоа дали спермата го носи хромозомот X или Y”, вели Рави Ретнакаран од болницата Mount Sinai во Торонто.