Москва Фото Pixabay

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е подготвена да ги прекине сите врски со Европската унија, доколку Брисел и воведе економски санкции поради апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

Говорејќи во Европскиот парламент за можноста за санкции, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борељ ја опиша владата на рускиот претседател Владимир Путин како безмилосна, авторитарна и исплашена од демократијата.

Борељ рече дека за време на неговата посета на Москва минатата недела бил убеден дека Русија сака да се оддели од Европа и да го подели Западот, пренесува Ројтерс. А.Р.