Емисијата “Лица и дела” која се емитува на ТВ Сонце, на 28 мај, прославува десет години постоење во македонскиот етер.

Емисијата ја уредува и води неговата животна сопатничка Мери Тодорова Младеновска.
– Годините минуваа се редеа квалитетни емисии. Можеби во некој момент помислувавме дека секоја нова емисија има ново светло, но концептот беше ист портретирање на една личност на сето она што го направила на професионален план, и сето тоа во лежерен опуштен муабет. Направивме многу емисии за оваа една деценија, да споменам некои Есма, Вања Лазарова, професор доктор Снежана Веновска, професор доктор Елена директорка на Институт по македонски јазик, Мите од “Архангел”, Ѓоко Ѓорчев, Наум Петрески, Благица Павловска, оперската певица Славица Петровска Галиќ, Гаро јуниор, Гаро сениор, Гуру Харе, Пепи Ренџов, “Синтезис”, Трифун, ни гостуваа многу познати имиња од Македонија, Балканот и дијаспората. Се редеа емисиите, а гостите и гледачите задоволни а ние пресреќни. Му благодарам на Бога и секако на вредниот тим на тв Сонце на Џорџ, на Спасиќ, Мицкоски сите наши пријатели кои ни, помагаа, на гостите кои учествуваа, на гледачите кои не следеа, благодарен е Младеновски.

-Се заблагодарувам на сите луѓе, направивме бренд нешто што за нас е свето, а тоа е “Лица и дела” на тв Сонце, ветуваме многу новитети многу познати ликови многу интересни теми наша задача е да ве забавуваме а вие да не гледате, вели, и додава на крај: И во иднина ветуваме на гледачите многу познати имиња и многу интересни теми! В.Ѓ.
