дома Живот Луто пиперче за здраво срце

Луто пиперче за здраво срце

Истражувачите укажале на хемиската компонента „капсаицин“, одговорна за жештината на пиперките, како потенцијално објаснување за лековитите својства на чилито.

132

Зачинот што го додавате во зачинување на вашата храна, исто така може да ви помогне да си го спасите живот.

Потрошувачката на чили пиперки може да го намали ризикот од смрт од срцеви заболувања, карцином и други причини, е заклучокот на прелиминарната американска студија по анализата на неколку студии кои откриле дека чили пиперките имаат корисен ефект врз целиот организам.

„Мислам дека оваа информација ќе биде потполно нова и пријатно изненадување за многу луѓе“, рече Пени Крис-Етертон, професор по нутриционизам на Универзитетот во Пенсилванија.

За оваа студија, истражувачите од Клиниката Кливленд во Охајо ги прегледале здравствените и диететските податоци на повеќе од 570 000 учесници во четири големи студии спроведени во САД, Италија, Кина и Иран. Истражувачите го споредиле здравствениот статус на луѓето кои јаделе чили пиперки со оние кои ретко ја јаделе или ги немало во нивното мени.

Поволни резултати
Оние кои јаделе чили пиперки имале 26% помал ризик од смрт предизвикана од срцеви заболувања, 23% помал ризик од смрт од рак и 25% помал ризик од смртни случаи од сите причини во текот на периодот на студијата.

– Иако храната и културните практики се разликуваа, слични трендови беа забележани во сите четири земји – рече авторот д-р Бо Ксу, кардиолог по професија.

Но, што е магично кај чили пиперките?
Истражувачите посочија на хемиска компонента наречена „капсаицин“ – која е одговорна за лутите пиперки – како потенцијално објаснување за здравствените придобивки на чилито.

Досега се проучени медицинските својства на капсаицинот. Луѓето го промовираат како нешто добро против воспаление, рак и дебелина – вели д-р Ксу, кој претпоставува дека капсаицинот е одговорен за очигледните придобивки на чили пиперките врз здравјето.

Но, Ксу додава дека се потребни дополнителни истражувања за да се потврди тоа. Во меѓувреме, Ксу ги охрабрува пациентите во нивната срцева практика да јадат медитеранска диета богата со овошје и зеленчук, како и одредени видови јаткасти плодови, протеини, риби и маслиново масло.

– Обрнете внимание на вашата исхрана, бидејќи нутриционистичките фактори можат да бидат и позитивни и негативни. Мислам дека е навистина важно да обрнете внимание на она што го јадете поради целокупното и кардиоваскуларното здравје, рече Ксу.

Крис-Етертон истакна дека претходните студии покажаа дека капсаицинот помага да се потисне растот на клетките на ракот, што може да игра улога во намалување на смртноста од рак.

Го намалува притисокот и е замена за сол
– Чили-пиперките содржат калиум, растителни влакна и витамини А, Б6 и Е, што може позитивно да влијае на крвниот притисок – вели Крис-Етертон.

И додавањето чили пиперка може да замени одредена количина сол што човекот нормално ја додава во храната.

Многу луѓе јадат многу солена храна. Наместо да ја изостават само солта во исхраната, луѓето бараат зачини и ароми како замена. Затоа, ова може да има двојна корист, намалување на натриумот во исхраната и додавање на некои антиоксиданти и биоактивни компоненти како што е капсаицинот – додава Крис-Етертон.

Не претерувајте
Но, премногу добро може да создаде проблеми. Лутите пиперки можат да предизвикаат гадење, повраќање, дијареја и металоиди. Ако сакате да додадете чили пипер во вашата исхрана, Крис-Етертон предлага да го користите како зачин.

Н.Д.